22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски одаде почит на жртвите во Ваташа

Министерот Спасовски одаде почит на жртвите во Ваташа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со длабока почит положив цвеќе на спомен обележјето на 12. Ваташки младинци погубени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна.

<

Годинава навршија 80 години од овој масакр врз 12-те ваташки младинци, како кулминација на погромите над цивилното население од страна на бугарската фашистичка војска. Кукавички поткажани дека како скоевци кришум им помагаат на партизаните, водени од желбата за борба до целосно ослободување од окупаторот, сите 12 храбро ги поднеле тортурите и измачувањата без да изустат збор за партизаните, по што биле одведени пеш во колона кон Моклиште, пат од кој нема да се вратат: Перо Видев-15 години, Ванчо Гурев-19 години, Данко Дафков-18 години, Илија Димов- 18 години, Ристо Ѓондев-18 години, Блаже Ицев-20 години, Герасим Матаков-18 години, Пане Мешков- 18 години, Ферчо Поп Ѓорѓиев-25 години, Васо Хаџијорданов-27 години, Диме Чекоров-20 години, Пане Џунов-18 години.

Нема да се заборави последната порака на Васо Хаџијорданов, додека ѝ гледал на смртта в очи: „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре“.

Вечна им памјат!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...