23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаUncategorized @mkКовачевски: Просечната плата СДСМ ја покачи на 630 евра, а во времето...

Ковачевски: Просечната плата СДСМ ја покачи на 630 евра, а во времето на ДПМНЕ беше 360 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Факт е дека остваривме реален раст на платите и пензиите, затоа што ние мислиме за секого, затоа што не носиме популистички предизборни решенија туку системски решенија кои имаат ефект на долг рок, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на трибината Повеќе за сите во Кочани.
Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, тоа се 630 евра. Неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога просечната плата беше 360 евра. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога на власт беше ДПМНЕ. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ. Тоа се факти. За 2 години пензиите ги покачивме за 25%, најмногу досега и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ. Факт е дека вративме 2,6 милијарди евра кај граѓаните и компаниите. И Факт е дека со СДСМ има Повеќе за сите. Со членство во ЕУ платите и пензиите ќе пораснат и за 70%, рече Ковачевски.

<

Претседателот на СДСМ направи споредба со, како што рече, лажните ветувања и манипулации на ДПМНЕ.

-Еднаш велат ќе ги покачиле пензиите за 5.000 денари, па после велат дека мислеле на рати да ги покачат по 500 денари. Така лагата за 5.000 денари поголеми пензии стана 500 денари. Тоа е познатото манипулирање и потценување на граѓаните од страна на ДПМНЕ, кое го живеевме 11 години. Нам пензионерите не ни се гласачка машина, ние пензионерите ги почитуваме, не ги манипулираме пред избори, ние им го даваме тоа што им е заслужено за пристојна старост и навреме, не пред избори. Од првиот ден откако сум премиер така функционираме, ние креираме политики за спокоен живот на нашите повозрасни сограѓани. Со последниот пакет антикризни мерки финансиски ги поддржуваме пензионерите со пониски примања и добиваат и до 15.000 денари, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Кочани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...