13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаТри четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво...

Три четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво на писменост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три четвртини од сите деца на возраст од 15 години во Македонија не успеваат да постигнат основно ниво на писменост во областа на читање, а двајца од тројца ученици постигнуваат слаби резултати по предметите математика и природни науки. Сѐ повеќе деца влегуваат во судир со правосудниот систем, апелира претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

<

Четири закони клучни за децата во Македонија се закочени во Владата и Собранието, а децата повеќе не можат да чекаат донесување на закони. Станува збор за следниве законски иницијативи: 1) предлог законот за правда за децата кој беше утврден од Владата и треба веднаш да се донесе од Собранието; 2) измените на законот за основно образование кои се во собраниска постапка повеќе од седум месеци и досега се поминати само на првото читање; 3) предлог законот за средно образование и 4) предлог законот за стручно образование и обука треба да бидат утврдени од страна на Владата.

Одолговлекувањето само ќе ги влоши актуелните состојби во повеќе сектори. Сите политички партии треба да се обединат за доброто на децата и да покажат посветеност кон подобра иднина за земјата така што ќе придонесат за брзо донесување на овие закони. Не можеме да си го дозволиме луксузот децата уште да чекаат, вели ДиЏовани.

Пред триесет години, кога државата ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации вети заштита и почитување на правата на децата. Со самиот чин на ратификација, државата ја прифати и обврската да ги исполни сите обврски коишто произлегуваат од Конвенцијата, вклучувајќи ја и обврската да ги усогласи домашните закони и практики со Конвенцијата.

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да го добијат приоритетот што го заслужуваат.
Донесувањето закони е важен чекор, но законите се толку добри колку што е добро нивното спроведување во пракса, па затоа Владата и Собранието мора да одвојат доволно финансиски ресурси што ќе им овозможат на надлежните да ги реализираат обврските коишто произлегуваат од гореспомнатите закони.

Утврдувањето на предлог законот за правда за децата од страна на Владата е за поздравување, но УНИЦЕФ го повикува Собранието веднаш и без одлагање да го донесе овој закон откако ќе влезе во собраниска постапка. Пред да добие зелено светло од Владата, овој закон беше подготвуван повеќе од четири години. Со него се воведува нова мерка која обезбедува најдобриот интерес на детето да биде земен предвид при секое носење одлуки што се однесуваат на децата во судир со законот, како и децата-жртви и сведоци во судски постапки. Се воведуваат и нови мерки за поддршка на децата во судир со законот со кои им се овозможува да ја поправат штетата што ја предизвикале, им се помага да ги разберат последиците од тоа што го сториле и им се обезбедуваат можности за реинтеграција во заедницата. Предлог законот е усогласен со директивите на ЕУ за процесно-правна заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, како и со минималните стандарди за правата, поддршката и заштитата на децата-жртви на криминал.

„Исто така, го повикуваме Собранието да го забрза усвојувањето на измените на Законот за основното образование. УНИЦЕФ искажува загриженост што и по седум месеци од доставувањето на овие измени до Собранието, истите сѐ уште се наоѓаат во собраниска постапка. Иако и сегашниот закон дава добра основа за подобрување на квалитетот на образованието и за инклузивно образование, овие измени се од суштинска важност за обезбедување долгорочно решение за децата во казнено-поправни и воспитно-поправните установи кои и натаму остануваат лишени од нивното право на образование. Оваа негативна состојба постојано ја истакнуваат УНИЦЕФ, Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Европската Унија во нивните извештаи, се вели во апелот на претставничката на УНИЦЕФ во Македонија.

„Владата треба да преземе итни активности за одобрување и последователно доставување до Собранието на предлог законот за средно образование и предлог законот за стручно образование и обука. Овие два закона се од суштинска важност за обезбедување премин од основно во средно образование на децата од ранливите групи, како што се децата со попреченост, децата во воспитно-поправните установи, децата-мигранти и децата-бегалци. Меѓу другото, овие закони овозможуваат справување со дискриминацијата и ја истакнуваат важноста на менталното здравје и на факторите на животната средина во средното образование. Исто така, воведувањето на регионалните центри за стручно образование во законот за стручно образование и обука претставува дополнителен чекор во усогласување на вештините што децата ќе ги стекнат на училиште со потребите на пазарот на трудот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...