13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Аврамовиќ дете со пречки во развојот имаше многу едноставна новогодишна желба...

Александар Аврамовиќ дете со пречки во развојот имаше многу едноставна новогодишна желба – Да ја посети Сител Телевизија и да го запознае неговиот омилен водител

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Аврамовиќ дете со пречки во развојот имаше многу едноставна новогодишна желба – Да ја посети Сител Телевизија и да го запознае неговиот омилен водител, Валентин Николовски.

<

Со Александар или како тој ни дозволи да го викаме Ацуле, ја прошетавме цела телевија а наша прва станица беше режијата за да му покаже од каде се емитува неговата омилена програма.

Додека течеше програмата, Александар ги препознаваше телевизиските ликови, а вистинското изненадување за него следуваше кога на екранот се појави Валентин Николовски.

Додека Валентин се подготвуваше за неговата дневна рутина ние со Александар се упативме накај студиото. Тино беше наш домаќин во студиото, а заедно со Александар вежбаа за презентирање на вестите.

Откако заврши нивната генерална проба за вечерниот дневник, Валентин и Александар заедно прошетаа и во просториите на редaциите на Телевизијата, а Александар еден по еден ги препoзнаваше новинарите кои во тој момент беа во телевизијата.

По завршувањето на прошетката, се поздравивме со Александар, а тој и неговиот омилен водител договорија дружба надвор од телевизијата.

Во време на нарушени човечки вредности и нереални желби кои децата ги имаат, треба да бидеме свесни дека насекаде околу нас со маи чекори можеме да исполниме нечија желба и бидеме причина за среќа. Александар сите нас не научи на тоа што значи вистинска среќа и искрен човечки однос.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...