21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаИгор Пехчевски денес ќе го добие лекот трикафта, но бара болнича соба...

Игор Пехчевски денес ќе го добие лекот трикафта, но бара болнича соба со тоалет !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младиот Игор Пехчевски, кој во јавноста стана познат по барањето лек трикафта за сите болни од Цистична фиброза, се огласи на фејсбук и објави дека конечно бил повикан да го прими лекот.

<

„Денес добив повик од докторката што не води на Пулмологија, за да ме извести дека добила список да ме повика за терапија, за да го примам долгоочекуваниот лек Трикафта кој за мене живот значи.

Но ми кажа дека има и еден проблем.

Апартманот кој ни е доделен на Пулмологија еден и единствен за да се хоспитализираме болните од Цистична фиброза е зафатен со некој друг пациент кој не е болен од Цистична фиброза. Поради тоа ми понуди да бидам сместен во некоја друга соба без веце и треба да го поминам целиот долг ходник за да стигнам до вецето кај што има секакви пулмонални заболувања.

Барам да бидам содветно третиран со лекот Трикафта како сите други пациенти што го примија лекот во почетокот на 2023 година и сега тие пациенти што го примаат лекот на Детската клиника кои се исто над 18 години и кои не припаѓаат на клиниката по возраст. А половина од тие што го примија лекот на Детска клиника по возраст се колку мене, дури и повозрасни од мене.

Уште енаш Апелирам соодветно да бидам третиран на Детската клиника без ДИСКРИМИНАЦИЈА

Не ми нудете сместување за примање на лекот Трикафта во НЕ СООДВЕТНИ и НЕ СТАНДАРДИЗИРАНИ УСЛОВИ за ЛЕКУВАЊЕ на Цистична фиброза, па со тоа да ми го загрозите МОЕТО и така КРЕВКО ЗДРАВЈЕ.“ напиша тој на фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...