16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветПратеничка крадела од бутици, па се правдала дека и е од стресот...

Пратеничка крадела од бутици, па се правдала дека и е од стресот !!!

Пратеничка на Нов Зеланд, Глориз Гараман, поднела оставка откако била обвинета за кражба на облека од бутик.

Глориз во три наврати била обвинета дека крадела облека од луксузни бутици, а за време на нејзиниот мандат била дел од Партијата на зелените.

Станува збор за политичарка со иранско потекло и истакната активистка за човекови права, таа е првата бегалка која станала членка на парламентот на Нов Зеланд.

„Откако е избрана на функцијата, таа е под постојан притисок поради закани за сексуално насилство, физичко насилство, а добивала и смртни закани“, изјави претседателот на Партијата на зелените, Џејмс Шо.

Глориз во образложението на оставката не се осврнала на конкретните обвинувања, туку кажала дека имала проблеми со менталното здравје и дека трпела голем стрес на работа.

„Затоа се однесував поинаку од она што навистина сум. Не се обидувам да ги оправдам своите постапки, само сакам да ги објаснам. Психологот што го посетувам ми кажа дека последните настани се резултат на акумулираниот стрес поврзан со траума што ја доживеав одамна“, напишала таа.

Таа исто така додала дека луѓето треба да очекуваат носителите на функции да се однесуваат во согласност со прописите, пишува Sky news.

„Извинете. Не можам рационално да објаснам што се случи. По проценката на докторот, свесна сум дека не ми е добро“, навела таа во својата оставка.

Полицијата на Нов Зеланд во декември соопштила дека покренала истрага за кражба во познат бутик, но нема да соопшти повеќе детали.

Сепак, не потврдиле дека станува збор за пратеничката.

Претседателот на партијата ја поддржал нејзината одлука да поднесе оставка.

„Јасно ни е дека г-ѓа Гараман е во непријатна ситуација. Таа ја презеде одговорноста за своите постапки и се извини. Ја поддржуваме нејзината одлука да поднесе оставка“, се вели во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...