20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ќе имаме над 61 пратеник и ќе ја формираме новата проевропска...

Ковачевски: Ќе имаме над 61 пратеник и ќе ја формираме новата проевропска влада на 8-ми мај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние ќе имаме над 61 пратеник и тие над 61 пратеника ќе ја формираат новата проевропска влада на 8-ми мај. Оваа коалиција која што ја гледате, СДСМ има свои коалициони партнери меѓутоа имаме и коалициони парнери со кои што ја формираме владата, таа коалиција ќе има над 61 пратеник, можеби и над 70 пратеници. Бидејќи мандатот на крај го добива владината коалиција, тие кои формираат влада,“ посочи премиерот во оставка, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, на прашањето колку пратеници очекува СДСМ на престојните парламентарни избори.

<

Во однос на тоа дали има одлука дали СДСМ сам ќе оди на избори, Ковачевски посочи дека коалиции се прават врз основа на вредности, се прават врз осова на визија и се прават врз основа на програми, дали коалицијата ќе биде од традиционалните партнери коалициски со кои што СДСМ оди на избори или ќе се работи за една поширока коалција зависи од анализите и во однос на усогласување на програмските определби и секако на кадровската понуда.

Едно е факт дека визијата за европска Македонија ја делиме сите кои што сме во оваа владина коалиција, тоа е голема коалциија, оваа коалиција има многу јасен став во однос на тоа каде треба да биде РСМ до 2030 година и како. Ние знаеме дека до 2030 година нашата држава ќе биде земја членка на ЕУ, исто како што знаевме дека државата ќе биде земја членка на НАТО. Од друга страна имате коалција или политички партии кои што не само што не нудат ништо туку тие велат дека може да се случи и 100 години да влеземе во ЕУ па можеби и никогаш, ова се зборови на претседателот на опозицијата кажано на телевизиско интервју,“ рече Ковачевски.

Ковачевски се осврна на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кои не направија ништо ниту на НАТО агендата ниту на европската интеграција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...