25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ во кој беа обвинети Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.
Од Апелациониот суд Скопје информираат дека на расправата по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје одржана на 23 јануари, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршниот збор го повлекол обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите, по што Судот донел пресуда со која обвинението се одбива.

<

Постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22 во јавноста познат како „Тревник“, по повод жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одржа главна расправа на ден 23.01.2024 година, на која јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршен збор го повлече обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите НСК-КО.бр.10/17 од 29.06.2017 година, преземено од ЈО на РСМ и заведено во ОЈО Скопје под КО.бр.2938/19 против обвинетите Д. П. Л., С.П. и З.П., за по едно кривично дело Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, по што Судот донесе пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 3 од ЗКП, стои во соопштението од Апелација.

СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково. Првата ослободителната пресуда беше изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.
Извор А1 он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...