18.6 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, а вршела и убиства...

Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, а вршела и убиства во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Под раководство на Обвинителство, лишени се од слобода лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во набавка на кокаин и вршење на тешки кривични дела – убиства. Повеќемесечната истрага придонесе да се обезбедат доволно докази против пријавениот Ш.М. (47) од село Грчец, кој заедно со сега починатите О.Б. и Ј.К. организирале криминална група. Била формирана со цел вршење убиства од користољубие“ рече меѓудругото министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

<

Тој напомена дека „оваа криминална група која делувала на меѓународно ниво набавувала кокаин од Еквадор, Перу, Бразил и Боливија. Плановите и договорите ги правела преку непосредни контакти. Од досега спроведените мерки е документирано дека оваа група организирала две набавки на кокаин до земјите од ЕУ и С. Македонија. 435 килограми кокаин набавен од Бразил и транспортиран до пристаништето во Антверпен, Белгија. Дел од наведената количина требало да заврши и на пазарот во Македонија“.

„Групата организирала и неколку транспорти на дрога од Белгија и Албанија во С. Македонија. Припадниците на оваа група се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во лукзусни куќи, угостителски објекти, кои се предмет на конфискација. Организаторот на групата Ш.М. заедно со членовите организирале обид за убиство на лице од село Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше најдено во село Горна Матка, како и двојно убиство случено на 5 март 2021 година во Скопје“ рече Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...