13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМеѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е...

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР.

<

Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети.
Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски – Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смират непријателствата со избеганиот Муареми.
Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...