3.9 C
Ohrid
среда, јануари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаОд воен дезертер од македонската Армија, па командант на УЧК, до премиер...

Од воен дезертер од македонската Армија, па командант на УЧК, до премиер на Македонија- кој е Талат Џафери?!

spot_img

Командант Форина нов технички премиер на Македонија, од воен дезертер од Армијата токму на Македонија, до командант во УЧК, па преку собраниски спикер до највисоката политичка позиција во државата против која се бореше во 2001-ва година.

<

Тоа е Талат Џафери, наследникот на Димитар Ковачевски и технички премиер на Македонија, најмалку во наредните 100 дена.

Неговиот политички раст почнува веднаш по крајот на воениот конфликт. На 28 април, денот кога е извршен масакрот кај Вејце тој бил висок офицер во АРМ и дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена подоцна ја напушта армијата и им се приклучува на албанските герилски единици, кои се бореа против македонските безбедносни сили, за неговите активности во овој период не се знае речиси ништо.

По крајот на конфликтот влегува во ДУИ и во три наврати од 2002-ра до 2004-та, од 2008-ма до 2013-та и од 2014-та до 2016-та беше пратеник во Собранието. Пратеничките денови на Џафери најмногу остануваат запаметени по неговото однесување околу законот за македонските бранители, каде своето незадоволство го покажуваше земајќи збор на седниците каде читаше поезија или долго молчеше.

Во периодот од 2004-та до 2006-та беше и заменик министер за одбрана. Во перидот од 2013-та до 2014-та беше и министер во ова министерство.

-Ќе придонесам Армијата на Република Македонија да во секоја нејзина димензија ја рефлектира реалноста на нашата држава да биде симбол на меѓуетнички соживот, изјави Талат Џафери кога стана министер.

На 27 април 2017 година беше изгласан за претседател на Собранието, а неговото речиси седум годишно шефување таму мина со низа скандали. Еден од примерите беше неговото трпение, кое знаеше нагло да се намалува кога на собраниска говорница ќе се појави да говори пратеник на опозицијата.

Талат Џафери: Добро, добро нема збор…

Никола Мицевски: Имам процедурално…

Талат Џафери: Оди таму, оди таму

Никола Мицевски: Не ме допирај…

Ова не е единствен недоличен за собраниски спикер потег на Талат Џафери. Во улога на прв меѓу еднавките, што е и улогата на првиот човек на Собранието, тој често кон пратениците знае да испрати и физички закани.

-Не мавтај со прст, оти може да ти биде скршен тој прст, порача Џафери.

Го повикуваше и собраниското обезбедување да отстрани пратеник од говорница.

-Тргнете го Ѓорчев од говорница, обезбедување тргнете го Ѓорчев од говорница, тргнете го Ѓорчев од говорница, бараше Џафери.

А како тој се однесува со службениците и пратениците јасно се гледа од неговите јавни настапи , но и видеа кои кружат на социјалните мрежи.

Покрај односот кон пратениците, тонскиот миксер на јавниот сервис го покажа и скандалозниот однос на Џафери кон обичните собраниски службеници. Својата нервоза ја испразни испраќајки пцости кон обичните вработени

-Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, викаше Џафери.

Од позицијата собраниски спикер го прекрши и Уставот. Говореше на албански во Европскиот Парламент, иако во членот седум од Уставот јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се службени за меѓународна употреба.

Честата нервоза во Собранието, Џафери ја префрли и на улица. Запрашан зошто го прекршил Уставот, реши да се турка со новинари.

Врева околку Џафери се крена и во врска со вработувањата на неговите две деца. Неговата ќерка добива работа во Надзорниот одбор за парното во Скопје, додека пак неговиот син работи како обвинител, симптоматично беше тоа што синот на Џафери полагал превосуден испит уште пред да заврши факултет.

61 годишниот Талат Џафери или познат и како командат Форина е роден во гостиварско, односно село Форино, од каде и го добива неговиот прекар.

Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената Академија во Белград и Сараево, а постдипломски студии завршува на Воената академија во Скопје.

Матеја Петровски Tv Alfa

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...