12.2 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Ѓурчев: Не се чувствувам виновен за Сонцето од Кутлеш, за ова...

Александар Ѓурчев: Не се чувствувам виновен за Сонцето од Кутлеш, за ова знаме сум емотивно врзан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Основниот суд во Охрид денеска се одржа претрес по барањето за покренување постапка против охриѓанецот Александар Ѓурчев за истакнување на знаме со Сонцето од Кутлеш, односно сторен прекршок по член 18 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

<

Судијата Бојан Мартиноски го сослуша излагањето на адвокатот Тони Менкиноски, кој денеска беше во својство на бранител на обвинетиот Ѓурчев, објави ОхридПрес.

– Согласно Европската конвенција за човекови права и член 6 од истата, во која стои дека мора да постои еднаквост на оружјата, бараме судот да го обезбеди присуството на поднесувачот на пријавата за да го образложи обвинението, побара адвокатот Менкиноски.

Судот го одби ова барање, со порака дека поднесеното писмено барање е доволно и дека постапката ќе се води во рамките на процесните и материјални закони.

Обвинетиот Ѓурчев, во своето излагање пред судот истакна дека не се чувствува виновен за прекршокот за кој се товари.

– Го почитувам знамето кое го истакнав. Тоа беше национално знаме на Македонија извесен период. Сите сме сведоци дека ова знаме може да го забележиме на бројни спортски натпревари и културни манифестации и дека е општо прифатено од голем број жители во државата. Немав намера да ги омаловажам државните симболи и да ја навредам државата. На местото каде го поставив знамето немаше во близина ниту едно друго знаме, не покрив ниту едно друго знаме, немаше пароли и натписи поставени од моја страна. Уште како дете, кога ме носел мојот дедо во црква, сум го гледал насекаде ова знаме за кое сум емотивно врзан, истакна Ѓурчев.

 

Бранителот во завршните зборови побара ослободителна пресуда за обвинетиот Ѓурчев.

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...