15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВо мувла и влага, ладни ѕидови и без топла вода, затвореничките во...

Во мувла и влага, ладни ѕидови и без топла вода, затвореничките во КПУ Идризово најавија штрајк со глад !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во мувла и влага, ладни ѕидови и без топла вода, затвореничките во КПУ Идризово тврдат дека две недели живеат во нехумани услови. Иако бараат Управата да ги слушне нивните повици, не добиваат никаков одговор. Педесетина жени потпишани на петиција поставија и ултиматум, ако за два дена директорот не ја поправи ситуацијата стапуваат во штрајк со глад. Во сведоштво за Сител обвинуваат, во затворот се прави геноцид.

<

– Условите се катастрофални, во секоја соба има влага, глувци, стаорци, а хигиената е на минимална основа. Грноцид се прави врз човетвото. Нас ни е битна петицијата, некој од службата да се види со нас. Досега никој не е повикал, не знаеме ни дали е стигната петицијата таму каде што треба да стигне. Како нешто пробуваат, пуштаат топло, па гасат. Не се знае што се прави. Нас не интересира затоа што катастрофа се условите за живеење внатре – вели една од затвореничките.

Потпишаната петиција сепак стигнала до Управата на затворот. Директорот Зоран Јовановски за Сител вели барањата се процесуираат. Но иако потврдува дека условите се катастрофални, затвореничките не биле оставени толку долго во вакви услови. Станувало збор за дефект кој бил саниран. Вели не е точно дека две седмици немале топла вода. Скенирањ биле направени и се правел плн за реновирање.

Сведочењата на оние кои се внатре сигнуваат и до меѓународните организации.

Во Идризово моментално се сместени 1216 затвореници, од кои 70 се жени. Затоа Јовановски бара надлежнте да не се залагаат само декларативно за подобрување на условите во затворот, туку и вистински да се зафатат со работа.

Засега нема ништо ниту од ветувањата на министерот Лога за изградба и на нови капацитети во Идризово. Иако и самиот предупредуваше колку е лоша состојбата, на терен нема никакви поместувања. Дополнително, и покрај катастрофалните услови во кои се сместени затворениците, државата скратила дури 15 отсто од буџетот за оваа година наменет за затворите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...