20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

<

По тој повод, во 10 часот на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“-Скопје свежо цвеќе ќе положи претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.

Во 10:30 часот, владина делегација составена од Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...