12.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаДимитриевски за Џафери: Ајнштајнот од Форино менифестирајќи триумфализам го крши Уставот и...

Димитриевски за Џафери: Ајнштајнот од Форино менифестирајќи триумфализам го крши Уставот и законите во државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државата се наоѓа во многу лоша состојба, гледаме еден невиден триумфализам и за жал морам овде да кажам од Ајнштајнот од Форино, Талат Џафери којшто е избран за технички премиер и манифестира чист триумфализам притоа кршејќи го Уставот и законите во државата, а и Македонија наликува на се само на организирана држава не. И одговорноста е моја и на граѓаните да се одважат и да излезат на следните парламентарни избори, едните како кандидати, а другите како гласачи. Да ги промениме нештата бидејќи нема кој друг да го стори тоа, вели лидерот на новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното издание на Дневникот на МРТ1.

<

За него курсот на државата е јасен, а тоа се евроатлантскиот пат и ЕУ интеграциите, но притоа Македонија мора да се трансформира од зависна во финансиски независна држава.
Треба да се најде начин како да се придвижи стопанството напред. Тие луѓе кои што сакаат искрено и чесно да работат во државата да им се даде шанса, а корупцијата да се сузбие во целост. Дали ќе успееме во тоа нема да зависи само од нас и од нашата понуда, туку првенствено од самите граѓани како тоа ќе не перцепираат на следните парламентарни и претседателски избори“, истакнува Димитриевски.

Димитриевски како лидер на Движењето ЗНАМ вели дека голема е веројатноста да биде носител на некоја од изборните единици на претстојните парламентарни избори, притоа не исклучувајќи ја можноста и за друг тип на кандидатска позиција, но сепак за тоа ќе одлучуваат органите и телата на партијата, додава тој. Движењето ЗНАМ ќе има свои кандидати во сите шест изборни единици.

„Ние имаме намера да излеземе со сериозна понуда пред граѓаните, со остварлива програма и едноставно да ги придвижиме нештата на напред. Како ќе биде конечната анкета ќе биде всушност гласот на народот којшто ја има суштински согласно Уставот најголемата сила. За жал во моментот сите оние кои што ја имплементираат власта се ставаат над граѓаните и посакуваат да имаат целосна контрола и на системот и на граѓаните. Затоа имаме едно политизирано општество, политизирано судство, обвинителство и сите институции кои што се во функција на политичките субјекти коишто во континуитет владеат со оваа држава. Ние имаме за обврска како ЗНАМ да го ослободиме овој систем од таквите феномени што постојат во нашето општество и да им дадеме на граѓаните да живеат во држава во која сите ќе имаат еднакви права и еднакви можности“, заклучува тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...