11.7 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСлавчо Попоски: Ќе врне валкан дожд, снег кај нас нема да има...

Славчо Попоски: Ќе врне валкан дожд, снег кај нас нема да има !!!

spot_imgspot_img

Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата, а тој ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога ни започнува ладниот феномен “Ла Ниња”.

Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за снег, дури и во втората половина од овој месец барем според моменталните наблудувања и следења шансите за снег се многу мали кај нас, како и во поголемиот дел од Европскиот Континент. Но тоа не значи дека се до крајот на зимата ќе поминеме без студови па и без снег.

Во март секако дека очекуваме повремени заладувања на времето кои би можеле да донесат снег. Генерално очекуваме натпросечно топло време се до крајот на оваа зима, без некои екстремни студови.

Што се однесува до врнежите, тие особено по 10 февруари, односно од овој викенд ќе бидат натпросечно високи, што значи дека влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Овој викенд ќе дува и силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан.

Сепак и поркај оваа голема промена на времето, температурите како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени. Секако оваа промена лошо ќе влијае особено кај метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми.

Исто така ладниот феномен “Ла Ниња” која ни доаѓа на крајот од летото или почетокот на есента, ќе ни донесе се поостри и поснежни зими во следните години, што значи дека ова е нормален процес низ кој земјата поминува, од секогаш се менувале топлите и ладни периоди.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...