21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицискиот Синдикат во одбрана на граѓаните: Во правна држава не смееш на...

Полицискиот Синдикат во одбрана на граѓаните: Во правна држава не смееш на граѓанинот да му скратиш Уставното право !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почитувани,

<

Со последните случувања сите сме сведоци на вистината која излегува на виделина, а за која СПМ јавно говореше неколку години наназад, за непрофесионалното, нестручно, полтронско и несовесно однесување на раководството на МВР.

За таа наша транспарентност бевме малтретирани, прогонувани и казнувани и како Синдикат но и како раководство и членство на СПМ.

Очигледно е дека дотогашното раководство работело на систематско уништување на институцијата, а особено на разрушување на ионака тенката релација полицаец-граѓанин. Тоа се потврдува со несовесното и неодговорното работење во насока на промената на личните документи и патните исправи во сите фази.

Во поглед на заштита на полицаецот во периодот кој следува, во насока на слободно извршување на неговите задачи, без притоа да се предизвика револт кај граѓаните и нарушување на нивните уставни и човекови права, во согласност со меѓународните конвенции, како Синдикат апелираме и бараме:

До Владата и Собранието веднаш, без политички предрасуди, да ги разгледа и усвои Предлог законите за измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и законот за измени и дополнувања на Законот за патни исправи доставени од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme.

Нагласуваме дека, со постоечките одредби со кои престануваат да важат возачките дозволи и патните исправи, работниците на МВР, особено полицајците се доведени во завидна положба кон граѓаните, да постапуваат по закон, а од друга страна да им ги скратат Уставните права. Тоа во една правна држава не смее да се дозволи. Тоа ќе предизвика револт на граѓаните кој ќе биде дирекно насочен и искажан кон полицаецот, а со тоа таквиот револт ќе доведе до девијантни појави кои се апсолутно непотребни и не носат ништо добро за никого.
Се надеваме дека ќе допреме до совеста и човечноста на припадниците на Владата и Собранието и дека без одлагање, во најкус временски рок ќе ги донесат овие предложени измени и дополнувања на законите и со тоа ќе се спречат револтот и конфликтите.

Во овој контекст на заштита на полицајците и граѓаните, апелираме и до другите синдикати во МВР, да го подржат овој апел и заеднички да покажеме дека прв и основен приоритет ни се пред се граѓаните и нашите колеги. 👮‍♀️🇲🇰👮

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...