21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСо лажни сертификати за англиски станале директорка на училиште во Драчево и...

Со лажни сертификати за англиски станале директорка на училиште во Драчево и директорка на болница во Дебар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопјанка со лажна диплома за познавање на англиски јазик станала директорка на основно училиште во Драчево. Друга жена, исто така, со лажен сертификат станала директорка на болница во Дебар.

<

– Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија, соопштија од МВР.
Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето.

На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...