16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаДржавни патишта“ вработи 143 инкасанти за наплата на патарина

Државни патишта“ вработи 143 инкасанти за наплата на патарина

spot_imgspot_img

Јавното претпријатие „Државни патишта“ на неопределено време вработи 143 инкасанти за наплата на патарина, по огласот што го објави пред крајот на минатата година.

Одлуката за избор на кандидатите со имиња и презимиња е објавена на веб-страницата на јавното претпријатие пред десетина дена. Од ЈПДП велат дека конечната ранг-листа е направена според претходно разгледување на доказите за задоволување на условите и направените интервјуа со кандидатите.

Станува збор главно за досегашни инкасанти на наплатните пунктови за патарина, кои со години „државни патишта“ ги плаќаше со привремени договори и so нивно продолжување.

Во меѓувреме бројот на инкасантите се зголеми со потребата од повеќе патарини на новите автопати Смоквица – Демир Капија и Миладиновци – Штип. Овие работници немаа решенија на неопределено време и трошоците за нивна исплата се водеа под посебна ставка во сметководството на јавното претпријатие.

На огласот за 143 вработувања, беше предвидено на неопределено време да се вработат 66 Македонци, 58 Албанци, деветмина Турци, петмина Роми, еден Влав, двајца Бошњаци и уште двајца од други националности.

Кандидатите што се бараа требаше да се со најмалку средно образование. Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа, од 7 до 19 часот и од 19 до 7 часот наредниот ден. Основната плата што ја нудеше ЈП за државни патишта во огласот изнесува 26.220 денари. Рокот за пријавување на кандидатите беше 15 дена.

Директорот Ејуп Рустеми, на презентацијата на резултатите што ги остварило ова државно претпријатие, се пофали дека ланската година требало да заврши со рекорден приход од 62 милиони евра од наплата на патна такса.

Поточно, годинава имаме 100 проценти зголемување на приходите од патарина за разлика од пред три години. Како споредба, во 2020 година од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра и оваа година ќе ја завршиме со 62 милиони евра“, рече тој.

А.К. Faktor Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...