23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле 12 години, одблокирана сметката и на ЈП НИСКОГРАДБА Охрид.

После 12 години, одблокирана сметката и на ЈП НИСКОГРАДБА Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Донев:
Незалудна била искрената и чесна работа и после 12 години се оствари мојата желба да ја видам ЈП НИСКОГРАДБА со одблокирана сметка.

<
  1. Процесот на раздолжување го започнав во 2013 година како директор на јавното претпријатие Нискоградба заедно со тогашната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За само 4 години заедно со Секторот за финансии и вработените кои веруваа во нас успеавме да вратиме 40 милиони денари од вкупниот долг кој надминуваше 70 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ го смени дотогашниот принцип на работа за испумпување на парите од граѓаните кон приватни фирми(подизведувачи), а со тоа ги спаси од тотален колапс јавните претпријатија.
Нискоградба беше носител на голем број проекти кои ги реализираше Општина Охрид.

После моето заминување оставив побарување од реализирани проекти кон општината од 24 милони денари, 4 милиони денари на сметката на претпријатието и 0 денари долг за тековни обврски кон доверители.

Чесно е да се спомене дека и новото раководство продолжи со трендот на намалување на долгот, но со далеку помал интензитет.

Процесот на конечно раздолжување и инвестиции се започна со исплатата од над 10 милиони денари од страна на градоначалникот за одблокирање на сметката, и 20 милиони денари инвестиции во нова механизација.

Денес Нискоградба има одблокирана сметка, нова механизација и ќе се бори во иднина да овозможи подобри и поквалитетни услуги кон граѓаните, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев, на фејсбук, после обелоденувањето од страна на градоначалникот Кирил Пецаков за одблокираната сметка на “Нискоградба”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...