17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаНападнати лекари и медицински сестри во болницата во Струга !!!!

Нападнати лекари и медицински сестри во болницата во Струга !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неколку медицински сестри и лекар од хируршкото одделение во струшката општа болница биле нападнати на своето работно место од лице кое насилно влегло во објектот. Инцидентот се случил во 4 часот наутро пред два дена, раскажува за Алсат докторот Илми Речи кој бил дежурен заедно со уште три медицински сестри. Сè започнало откако во одделението дошле две лица. Едниот имал повреди настанати од непознати причини. Додека чекале да влезат кај лекарот, едниот од нив почнал насилно да се однесува. Искршил процорец и врата, влегол кај лекарите и ги нападнал.

<

„Луѓето, односно едниот од нив, влезе внатре во одделението и без никаква консултација го нападна дежурниот хирург и другата екипа која беше дежурна. Имаше физички контакт со личноста. Јас се борев со него и мораше и да се заштитам“, вели д-р Речи.

Случајот бил пријавен во полиција. Напаѓачот бил приведен, но следниот ден пуштен. Во меѓувреме, лекарите не се чуствуваат безбедно на своето работно место.

„…Бараме од надлежните да преземат мерки, бидејќи се плашиме затоа што и во иднина може да има вакви проблеми, па затоа бараме да се преземат мерки“, додава д-р Речи.

Поради вакви несакани ситуации кои се случувале и порано, дежурните лекари се принудени да ја заклучуваат вратата на одделот после 23 часот. Во болницата во Струга нема деноноќно физичко обезбедување, па за безбедноста надлежна е полицијата.

„…Ама, додека ние повикаме полицијата поминуваат 10-15 минути додека дојдат. Оделот на хирургија сега имаше проблем, но честопати се случуваат работи на интерно. Доаѓаат пијани, издрогирани и се јавува неред“, рече Златко Лазаревски-началник на хируршко одделение.
Јавува за Алсат Мики Трајковски

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...