24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ подготвени да му дадат 3 носители на ДУИ за да бидат...

СДСМ подготвени да му дадат 3 носители на ДУИ за да бидат во предизборна коалиција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДСМ се подготвени да отстапат половина од носителите на кандидатските листи доколку ДУИ се решат со нив да одат во предизборна коалиција, брифира висок извор од СДСМ за Слободен Печат.
Нема информации дали брифингот доаѓа пред и по изјавата на Премиерот Ковачевски дека СДСМ ќе има носители во сите 6 изборни единици.

<

„На финалната средба која треба да се одржи до крајот на неделава, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ДУИ Али Ахмети со заеднички листи да настапат на парламентарните избори и ќе бара поддршка за претседателскиот кандидат на СДСМ во вториот изборен круг, откако стана јасно дека ДУИ ќе излезе со свој кандидат за шеф на државата, вели за „Слободен печат“ висок функционер од СДСМ. Ковачевски не се откажува од „Eвропскиот фронт“ и на одделна средба ќе се види и со Зијадин Села, лидер на дел од Алијанса за Албанците, за заеднички настап на парламентарните избори.“ – пишува весникот.

Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ќе има свои носители во сите изборни единици.

„Сигурно СДСМ ќе има свои носители во сите изборни единици. Дали дел од тие пратенички листи ќе  идат претставници и од други политички партии кои што не се традиционално со нас во коалиција, вклучително и ДУИ, тоа ќе го покажат анализите и секако одлуките на партиските органи.“ – изјави Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...