8.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаАли Ахмети ќе објави дека Османи ќе биде кандидат за претседател и...

Али Ахмети ќе објави дека Османи ќе биде кандидат за претседател и ќе повика да и се каже не на Русија?

spot_img

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој најави дека утре ќе соопштел голема вест наводно ќе повика да и се каже не на Русија, црвените линии на партијата за формирање на следната влада и промоција на Бујар Османи за кандидат за претседател на државата, објавува ТВ 21.

<

Телевизијата тврди дека го добиле говорот којшто утре ќе го чита Ахмети на прес – конференција.
Лидерот на ДУИ бара поддршка од Албанците на овие избори, за да кажат не на влијанието на Русија во Македонија. Во својот говор Ахмети утре ќе рече дека има една желба за која смета дека сега дошло време да ја соопшти. Ахмети ќе потенцира дека претседателот на Русија Путин како и Министерот за надворешни работи Лавров се против Македонија да биде дел од НАТО и се против Македонија да биде дел од ЕУ. „Затоа да кажеме не на Русија“, се вели во дел од говорот во кој увид имаше нашата редакција. Ахмети утре ќе соопшти две одлуки. Првата дека партијата има црвени линии за формирање на следната Влада, а тоа е отворање на Устав и внесување на Бугарите. Втората одлука на ДУИ е дека Бујар Османи е нивниот кандидат за претседател на државата, јавува телевизијата.
Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...

Димитриевски ја покажа лузната од 27-ми април: Вистинските виновници не се изведени пред правдата

Максим Димитриевски коментирајќи ја одлуката на Кривичен суд за уважената амнестија за организаторите на 27-ми април, во студиото на ТВ21 ја покажа лузнат од...