17.5 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаХраната станува луксуз: Потрошувачката кошничка руши рекорди, граѓаните пред нов ценовен шок

Храната станува луксуз: Потрошувачката кошничка руши рекорди, граѓаните пред нов ценовен шок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред граѓаните е нов ценовен шок. Од идниот месец поскапува дел од зеленчукот. За пет дена, односно на 28 февруари истекува мерката со која на 10 отсто се намали царинската давачка за кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, тиквичките, модриот патлиџан, свежите домати, краставиците и пиперки. Пред да се намали ваквата давачка за овие производи, таа изнесуваше од 30 до 65 отсто, објавува ТВ Телма.

<

Намалените царински давачки стапија на сила на крајот на минатата година, а важат до крајот на месецов. Ваквата мерка се воведе затоа што зеленчукот и овошјето значително поскапеа, па се направи обид да се ублажи ударот од ценовниот шок.
Но, со оглед на тоа што овие производи од земјите членки на ЦЕФТА се внесуваат во земјава без царина, со истекот на мерката за намалената давачка најверојатно ќе поскапи увозот а со тоа и самит производ само на дел од зеленчукот кои се внесува тука од државите од ЕУ, но и сите други останати земји.

На крајот на месецов истекува и мерката за гарантирана цени, со која се под мраз основните прехрамбените производи. Министерството за економија нема да ги продолжи мерките. Се надеваат дека законот за нефер трговски практики, ќе го реши проблемот со цените.

Очекуваме ова законско решение кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаме да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделски производи, порачаа од Министерството за економија.

Во меѓувреме основната порошувачка кошница руши рекорди.

Според, последните податоци на ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 1.000 евра за да го истурка месецот. Најмногу пари одат на храна и пијалоци. Граѓаните коментираат дека никогаш не било поскапо и дека постојано се зборува за високите цени, но ништо до сега не помогнало за да се ублажи ценовениот шок.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...