16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим Димитриевски: Во вториот круг ќе ја победам Гордана Силјановска Давкова

Максим Димитриевски: Во вториот круг ќе ја победам Гордана Силјановска Давкова

Moјот план е во вториот изборен круг од претседателските избори да ја победам Гордана Силјановска Давкова, изјави лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во интервју за ТВ Сител. Тој ваков одговор даде на прашањето за кого ќе ги повика своите поддржувачи да го дадат својот глас во вториот изборен круг доколку тој не помине – дали за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова.
На тоа прашање Димитриевски претходно објасни дека не е ниту морално ниту етички прифатливо да повиква некого некому да дава глас и потенцира дека ЗНАМ не тргува со гласови. Воедно, како што претходно рече, на парламентарните избори нема да победат ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриевски во однос на барањето на партиите на Албанците во иднина шефот на државата да се бира во парламентот, рече дека земјата не смее да биде заложник на уцени и недемократски барања.

„Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно се политичка пропаганда во функција на изборите. Но, секогаш постои една голема доза на вистинитост и искрен пристап во заложбите од страна на тој етнички блок. Македонија не може да биде заложник на никој…Она што ме загрижува првенствено како граѓанин, но и како човек што носи одговорна функција и претендира за одговорна функција во општеството, заветот на г. Ахмети. Јас од овде, давам завет дека ЗНАМ никогаш нема да дозволи во парламентот да помине такво решение, затоа што тоа ја усложнува државата, дополнително ја намалува моќта на институцијата претседател, која всушност треба да биде заштитник на обичниот граѓанин. Претседателот ја црпи својата сила од самите граѓани и всушност тој ги претставува покрај државата и сите ингеренции кои му се согласно Уставот и законот доверени, и граѓаните и се грижи за граѓаните“, истакна Димитриевски.

За другиот услов на ДУИ дека нема да коалицираат со никого ако нема уставни измени неопходни за отварање на поглавјата во преговорите за членство во ЕУ, тој кажа дека ќе коалицираат, но без условувања.

„Ќе има коалиција од македонските политички партии и ќе бидат повикани оние политички партии од етничкиот блок на Албанците, да учествуваат, секако на рамноправна основа, но без условувања. Затоа што оваа држава има Устав, има закони и ние ќе се водиме по нив. Велат, нема да биде одобрена таквата коалиција. Кој одобрува? Одобрува бројноста во Собранието. Нашата држава ја водиме ние, не ја водат тие кои доаѓаат од надвор и ни кажуваат како треба да ја водиме. Ние мора да преземеме одговорнсот да си ја водиме сами државата, да ја направиме одржлива, да се потпреме на сопствените сили, за да не бидеме уценувани ниту од внатре ниту од надвор“, вели Димитриевски.

На прашањето со кого би коалицирале по парламентарните избори и дали СДСМ чиј поранешен член е, се нивниот приороден коалиционен партнер, лидерот на ЗНАМ вели дека по убедување е левичар, а ќе коалицираат со оние политички субјекти со кои прво на маса ќе ги дефинираат државните национални интереси.

„Ние нема да коалицираме со тие кои досега ѝ правеа штета на Македонија, особено поединци кои заради лукративни интерси продадоа се. Такви има и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Многу побитно е да се најде принципиелен партнер со кој ќе се гради иднината на оваа држава“, рече Димитриевски.
Запрашан дали изборот на Горан Минчев за генерален секретар на партијата и шеф на Изборниот штаб е сигнал дека е близок со поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, Димитриевски вели го почитува.

„Не, јас мислам дека Црвековски уште ми ја нема потпишано поддршката за кандидатурата. Имам многу пати кажано – го почитувам него и претходните претседатели. Горан Минчев е мој стар соработник со кого многу пати сум имал и различни ставови, но тука имаме и многу нови имиња како што е потпретседателот на партијата Павле Арсовски пензиониран генерал мајор, Весна Бендевска поранешен пратеник, др. Јасмин Циривири“, одговори Димитриевски.

Тој упати апел до граѓаните да ја дадат поддршката за неговата кандидатура за претседател на државата, како и за другите претенденти за претседателската трка со цел, како што нагласи, да има повеќе кандидати за таа функција за да имаат граѓаните поширок избор.
Извор:Мкд мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...