7.9 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБојмацалиев: МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори

Бојмацалиев: МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори

spot_img

МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори

<

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју за Локално.мк на прашање за тоа каков изборен процес очекува, потенцираше дека МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори.

„Апсолутно. На почетокот од мандатот истакнав дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. За мене и мојот тим тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија. Затоа, сите наши напори се фокусирани кон спроведување на фер, слободни и демократски избори, по европски терк. Очекувам и работиме кон тоа, изборниот процес да биде транспарентен, фер и демократски, со целосно почитување на правата и слободите на граѓаните. Министерството за внатрешни работи е цврсто посветено на гарантирање на безбедна и мирна атмосфера за одржување на претседателските и парламентарните избори”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека соработката со сите релевантни институции е од врвен приоритет.

„Соработката со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, и другите институции вклучени во изборниот процес е клучна и ќе продолжиме да работиме во координација со нив за да гарантираме дека сите аспекти на изборниот процес се спроведуваат во согласност со законот и демократските стандарди.
Со организацијата на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година, и парламентарните избори во 2020 година беа поставени стандарди кои целиме да ги надминеме. Секако, ова го потврдувам и на средбите со амбасадорите кои ги одржувам во Министерството за внатрешни работи”, истакна Бојмацалиев, со уверување дека со одговорна и професионална работа, Министерството за внатрешни работи е способно да обезбеди услови за мирно и непречено одвивање на изборниот процес.

„Нашата главна цел е да овозможиме сите граѓани да го искористат своето право на гласање без страв и притисоци, без говор на омраза, лажни вести и дезинформации и секако вработените да не подлегнуваат на уцени и притисоци”, подвлече Бојмацалиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец сопрел автомобил со полициска значка од татко му, па потoа извадил и нож !!!

Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во...

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

МениЛибертас Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници 23.03.2025 13:36 115 1 минута читање На Универзитетската клиника за хируршки болести...

Бугарскиот пратеник Пејков, вчера пристигна во Кочани да ги предаде собраните пари

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева,...

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“ „Мамо, сакам да бидам дома,...