22.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПратениците од власта гласаа „против“ продолжување на важноста на старите пасоши

Пратениците од власта гласаа „против“ продолжување на важноста на старите пасоши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема да има продолжување на важноста на пасошите кои не го содржат новото државно име „Северна Македонија“, бидејќи пратениците на СДСМ, ДУИ и на НСДСП денеска во Собранието гласаа против ваквата иницијатива.

<

Со ваквиот потег, обвинува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, дополнително ќе се влоши состојбата со пасошите.

– Денеска пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите. Нашиот предлог-закон за измени и дополнувања со кој баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот. Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската Унија. Во 21 век, да ограничувате слобода на движење на луѓе, да кршите уставни права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување на болни надвор од нашата држава, да го ограничувате правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост. За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш. Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата – порача Ковачки.

Реакција пристигна и од неговиот сопартиец и колега во Парламентот, Антонио Милошоски, кој на Фејсбук напиша дека СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење.

„Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија. П.С. им благодариме на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта“, напиша Милошоски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...

35 годишниот Д.С. кој синоќа уби човек во Бардовци, е момчето кое во 2012 ја згрози Македонија со убиството на мајка си !!

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци,...

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – Осуден убиец усмрти друго лице

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди...