19.5 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЛазаров се огласи откако беше изоставен од „Златна бубамара“: Во државава сѐ...

Лазаров се огласи откако беше изоставен од „Златна бубамара“: Во државава сѐ функционира на „на ти го – дај ми го“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лазаров се огласи откако беше изоставен од „Златна бубамара“: Во државава сѐ функционира на „на ти го – дај ми го“

<

Насмејте се, ќе се сликаме!“ – гласеше мотото на годинешнава „Златна Бубамара на популарноста“ и (како по обичај) некои станаа наградени, а некои останаа „насмеани“! Сега можат „само да се сликаат“ поединечно таму каде што својата популарност ја остваруваат и билдаат, зашто јавната валоризација на нивната работа остана „заборавена“!?

Вака некако го доживеаа доделувањето на наградите на „Златна бубамара 2024“ подкаст двоецот Стефан Лазаров – Зоки Фаци Василевски, чие јутјуб остварување насловено „Без лимит“ реално е најгледаниот подкаст во Македонија во последниве 365 дена.

Така барем говорат бројките и рејтинзите, кои и самиот Лазаров ги споделил на своите Инстаграм приказни. Дефакто „црно на бело“, а „пред фактите молчат и боговите“, арно ама ги премолчуваат оние на кои тоа не им одговара, па подкаст водителите беа „случајно заборавени“ да бидат наградени на последнава „Златна Бубамара“?

Од друга страна „Бубамарата“ во суштина е „приватна журка“, па соодвествено на тоа и нејзиниот сопственик, основач, организатор и неговата свита од екипата која ја подготвува, слободно може да си одлучува кој ќе се појави, кој ќе води, пее, кого ќе наградува… Иако, логично би било да има некаков кодекс, некакви критериуми, пропозиции и правила. Арно Ама, баце Ранко (Петровиќ) најдобро си знае кому што ќе му додели и даде, кого ќе го награди, удостои, увелича, медиумски поттурне, а кого… ќе го прескокне!?

И тука нема лутиш, оти нема зашто. Секој има право „на својата журка да си кани свои гости“, освен ако во „журката“ финансиски не партиципираме и сите ние, преку државата со парите од нашите даноци, како што е случајот и со годинешната „Златна Бубамара на популарноста 2024“ која не добила можеби кој знае колкава сума, но сепак – добила.

Е, тука веќе работите се менуваат, зашто „за наши пари“ не можеш да играш само „по свои правила“, туку сепак мора да се почитуваат фактите и објективните околности! Токму затоа Лазаров и Фаци беа толку револтирани, лути и нерасположени што биле „прескокнати и заборавени“, сметајќи дека и тоа како заслужиле годинава да се најдат меѓу сите наградени!
Вистина.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...