15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 5-ти Март во 1993 година се урна авионот „Фокер 100“ на...

На 5-ти Март во 1993 година се урна авионот „Фокер 100“ на „Палер Македонија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 5-ти март 1993 година, во 11:12 часот, веднаш по полетувањето од аеродромот во Скопје, се урна патнички авион „Фокер 100“ на компанијата „Палер Македонија“ со 97 патници.
Во несреќата загинаа 86 лица, додека 14 преживеале. Во анализите за несреќата е запишано дека причина за падот на „Фокерот“ е тоа што крилјата на авионот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.

<

– Имав голема среќа што бев во опашката на авионот каде што ударот беше најслаб. Уште додека се залетуваше авионот почувствував дека нешто не е во ред. Силно вибрираше и само што се погидна, започна да паѓа. Тогаш имав само 22 години и помислив – зарем сега ми завршува животот, изјави тогаш за медиумите Зоран Ацковски, единствениот член на екипажот кој ја преживеа несреќата.

1993-та година ќе биде со црни букви запишана во историјата на македонското цивилно воздухопловство.

Во ноември, патнички авион од типот „Јак-42 Д“ на „Авиоимпекс“ се урна на околу 4 километри североисточно од охридскиот аеродром, во момент додека леталото беше во процедура на слетување. Официјалната верзија беше дека до незгодата дошло поради „грешка на пилотите“, кога во еден момент ја загубиле контролата над леталото и удриле во планината, при што загинаа 116 луѓе. Авионот леташе на рута од Женева до Скопје, каде што требаше да слета. Меѓутоа, поради лошите временски услови, беше пренасочен кон охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во месноста „Тројане“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...