4 C
Ohrid
понеделник, февруари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаУкрадени 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот Парк???

Украдени 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот Парк???

spot_img

Исчезнатите 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот Парк, голема мистерија!

<

На 14.02. годинава мојор другар Николовски Теофил Тофо преку пост информираше дека недостасуваат клупи поставени лани летото. Имаше слика и од една клупа фрлена во Вардар. На 22.02. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски лично проверил дека недостасуваат 29 клупи, па побара информација од службите на Градот и од ЈП Паркови и зеленило, поставувајќи ја оваа информација како прва точка на седницата на Советот закажана за 29.02.2024. Пишва Д-р Никола Пановски.

Помина недела, почна седницата, на која НЕМАШЕ ни писмена ни усна информација. Градоначалничката ја немаше, секретар не е назначен, директорот на ЈП не дојде, сите останати присутни од градската администрација молчеа.
Во мојата дискусија ги предупредив одговорните во градот, а особено во ЈП Паркови и зеленило, дека прикривање на кривично дело (претпоставувам дека е кражба), е исто така кривично дело. На 29.02. Советот едногласно донесе одлука да побара од Градот и ЈП информација за клупите. Денес добив покана за 45седница на Советот закажана за 14.03.2024, со 32 точки на дневен ред. Информација за исчезнатите клупи НЕМА!!!

Претходно пишував за неодржување на седници за советнички прашања. Вакво игнорирање на граѓаните кои бараат одговор “Каде се клупите, како украле 29 клупи без никој да не ги види, ниту да пријави”, преку нас советниците е невидена неодговорност. Кои им забрани на вработените да даваат изјави? Па клупите се на сите нас.

Подолу, првата слика, новите клупи.
Четвртата слика, старите клупи од ковано железо, вкопани длабоко во патеката, кои не можеа да се извадат, па се сечени долу кај ногарките за да се отстранат, па место да им ја сменат дрвенаријата, набавиле нови и ги прицврстиле со типли и штрафови од 10 см, кои двајца ‘рмпалии за 5 секунди ги откорнуваат и товарат на возило..
Сликата долу лево, клупата ја нема, на патчето лево се товарани во возило, сликата долу во средина, вират штрафовите од откорнатата клупа.

На потезот од стадионот па се до мостот кај А.Палас недостасуваат 29 клупи, пред се на места каде има достапност со возило и не фаќаат камерите од “Калето” ,значи како одите од стадион кон А.Палас ги има се поретко. Останати се клупи блиску до стадионот и кај кајакарскиот клуб, каде што нема пристап за возило.

Ги повикувм медиумите да побараат информации од јавен интерес согласно Законот.

На седницата на 29.09. советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не гласаа да се примат донации во износ од 60.000 евра, од УНДП за институции од културата, единствено за инает нанивната како што ја нарекуваа”топ менаџерка во Европа”. Не гласаат за ништо што таа го предлага, па ни за донации. Со тешки маки, по барање на поединечно гласање, се засрамија или освестија пет, шест лица од нив, па некако донациите ги примивме, инаку ќе пропаднеа!!!

Ги повикувам граѓаните да побараат нови избори за градоначалник на 24.04. и за советници на Град Скопје, на 08.05.2024. Не е по Закон? Ок тогаш законски да си го изгубиме градот.

Клупиве се ситница, има многу покрупни проблеми, но ако за клупиве немаме месец дена и информација, мислам дека е се јасно колку е страшно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...