18.6 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПоскапе членарината во Џамија, во Скопје е 2500 денари, во Тетово и...

Поскапе членарината во Џамија, во Скопје е 2500 денари, во Тетово и до 6000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија
Поскапе членарината во Џамија, во Скопје е 2500 денари, во Тетово и до 6000 денари

<

Автор:
Зекирија Хаџиу
10/03/2024 20:20
реклама

Во светиот месец Рамазан, муслиманските верници плаќаат членарина како и други некои верски обврски. Годинава членарината во Скопје изнесува 2500 денари. Граѓаните кои ги прашавме, велат дека оваа сума е многу висока, а за некои е во ред.

-Многу е но што да правиме. Кој може плаќа, кој не…

-Види сега, за нашиот стандард е многу. За некого не е но за повеќето, да.

-Не е ништо. 2500 денари во годината не се ништо. На пример, денеска луѓето пијат по 2-3 кафиња на ден. Да ги дадат 2500 годишно во џамија, му доаѓа по 10 денари на ден.

-За некого е многу, за некого можеби не, но кога ќе споредиш за една година, да одвојуваш по 1 денар, не е ништо. Во Чаршија по 100 денари едно кафе плаќаш.

Го прашавме скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили зошто е поскапена членарината. Исмаили вели дека презеле акција за уредување на работниот статус за секој верски работник, да му се исплаќа плата почнувајќи со висината на минималецот во државата.

-Имаме предвид дека не можеме да направиме поголем исчекор бидејќи не можат да издржат луѓето, ние ова го усвоивме на состанок, да има некаков чекор, макар и по 500 денари, со што ќе го придвижиме малку стандардот и со поддршката што ја дава муфтиството, платата на еден теолог да биде колку минималецот во државата. Значи колку што е минималецот во државата, од толку да почнува платата на еден верски работник-вели Исмаили.

Муфтијата Исмаили додава дека во Скопје се плаќа по 2500 годишно а во други градови, како Тетово, членарината се движи од 3000 до 6000 денари.

-Трошоците на џамијата се покриваат со плаќањето членарина, зависи од град до град колку е. Тетово има повисоки цени, некаде од 3000 до 6000 денари. Гостивар, 10 евра по лице. Имаме околу 16500 семејства кои плаќаат членарина на годишно ниво. Кај нас во Скопје е 2500 денари, што е отприлика околу 200 денари месечно, за одржување на џамијата-изјави Исмаили.

Како што појасни муфтијата Исмаили, доколку за трошоците на џамиите не се доволни парите од членарините, другото го покрива Муфтиството. Како што рече, оваа година платиле околу 70 илјади евра трошоци.
Извор:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...