12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЦрна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку...

Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку тие се валидни, вели Османи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мислам дека Министерството за внатрешни работи (МВР) не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство, туку на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните“, вели Османи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку тие се валидни.

<

Информацијата Османи ја сподели денеска на прес-конференција и рече дека претходно разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.

Меѓутоа, Османи вели дека тоа се мерки за да се олесни, како што рече, овој транзициски период.

„Мислам дека Министерството за внатрешни работи (МВР) не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство, туку на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните“,

рече Османи.
Тој повтори дека како Министерство за надворешни работи веќе помогнале околу издавањето на патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва за што, како што рече, испратиле дополнителни дипломати, базни станици, се организирала работа во две смени и во викенди.
„Мислам дека ова треба да ни биде фокусот, да го зголемиме бројот на издадени пасоши, а ние паралелно ќе работиме за да им се олесни на граѓаните, но не треба тоа да ни биде водилка, односно надеж дека можеби ќе се сменат правилата на игра сами по себе и ние ќе може полабаво да ја тераме работата“,

додаде Османи.
Османи рече дека доколку има потреба може вработени во Министерството за надворешни работи, со одлука на Влада, да помогнат во МВР, но и од другите служби.

Прашан за коментар околу тоа дека државата сама си го укинува пасошот и дека со него не може да се излезе од земјата, Османи рече дека тие се закони донесени од Министерството за внатрешни работи, каде што се вели дека на 12 февруари 2024 година патните исправи стануваат невалидни.

„Тоа било веројатно во функција на имплементирање на Уставот, бидејќи членот 118 вели дека меѓународните договори ратификувани во нашето Собрание кои се дел од внатрешниот правен поредок не може да се сменат со закон. Тоа значи и да ја немаше таа законска измена, сепак Уставот е тој што е над законите. Веројатно имаше причина зошто МВР има донесено такви решенија, но мислам дека сега е време да се организираме и тоа е клучниот збор. Ние како МНР се нудиме да им помогнеме на МВР со сите наши капацитети“,

рече Османи.
360 stepeni

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...