17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата повторно ќе набавува нови возила на лизинг

Владата повторно ќе набавува нови возила на лизинг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата преку Службата за општи и заеднички работи продолжува со нов циклус набавка на возила под лизинг, но нема да продолжи со досегашните, туку се бара тие да бидат нови.

<

Се бара целосно нови 45 дизел возила (лимузини) од минимум 2.000 метри кубни моторна зафатнина. Отворањето на понудите ќе биде по електронски пат на 27 март. Понудата нема да биде прифатлива доколку има „невообичаено ниска цена“.

По истекот на тригодишниот договор, операторот ќе си ги врати за себе автомобилите, но во текот на тригодишниот договор ќе биде должен да обезбедува сервис, осигурување, регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Во претходниот тригодишен циклус, Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра. Пред тоа премиерот, министрите и странските делегации се возеа во „фолксваген пасат“.

И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период по возило. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи ќе има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизинг да плаќа по поминат километар за секое возило.

Иако трошокот на крај излегува не многу помал отколку да се купи возилото, од Владaта претходно оценија дека оперативниот лизинг бил најповолното решение и дека така ќе се заштедело. Операторот постојано ќе обезбедувал грижа и сервис и функционерите немало да останат без возило доколку кај некое настане дефект.
Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...