21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКоцкарниците нема да се селат подалеку од училиштата-Законот за игри на среќа...

Коцкарниците нема да се селат подалеку од училиштата-Законот за игри на среќа не помина во Собрание

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Законот за игри на среќа, со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата не го помина второт собраниско гласање откако не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски. За овој закон да биде усвоен требаше апсолутно мнозинство од 61 пратеник, а за него гласаа само 51, односно фалеа дури 10 гласови.

<

Законот со месеци предизвикуваше реакции во земјата, а беше вратен од претседателот Пендаровски, кој побара да помине низ јавна расправа место да се прифати по скратена постапка со европско знаме. Асоцијација на приредувачи на игри на среќа тврдеше дека донесувањето на овој закон ќе остави илјадници граѓани без работа оти ќе бидат затворени речиси сите казина и обложувалници низ Скопје.
Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој закон“, велат од Собранието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...