21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаФилмски грабеж во Куманово: Го пресретнале со џип и се судриле во...

Филмски грабеж во Куманово: Го пресретнале со џип и се судриле во неговиот пасат, пукале и му украле торба пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голем грабеж вечерва е извршен во Куманово кога бил нападнат сопственик на менувачница кој се враќал дома кон населбата Карпош (Рајкова Куќа). Според првичните информации, разбојниците ја следеле жртвата, па на улицата Доне Божинов веднаш по излезот од градот каде што нема куќи се судриле намерно во неговото возило, пукале и го ограбиле 63-годишниот кумановец.

<

„На 15.03. 2024 година во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Доне Божинов” во Куманово патничко моторно возило “ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило “пасат” со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С.(63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило “пасат” и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило “ренџ ровер”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Разбојниците избегале кон населбата Рајкова куќа каде го запалиле џипот во близина на надвозникот кај хотелот „Сателит“ и побегнале со друго возило. Местото каде е е најден запален автомобил е блиску до излезот на патот кон Крива Паланка, како и до излез на автопатот Табановце-Куманово-Скопје.

За време на увидот, сообраќајот кон населбата Карпош, во Куманово позната и како Рајкова куќа се одвиваше отежнато и многу споро поради големото присуство на службите за брз одговор, односно на полициски тимови, пожарникарски возила и Итна помош.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...