4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата.

Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата.

spot_img

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација, сметаат дека бројот на вработени треба да се намали и да прекине праксата на вработување според партиска припадност. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни.

Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%.

Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна.

Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка.

Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни.

Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година.

Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите.

Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%. Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е
партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и квалификациите.

Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно.
57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми. Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста. Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата

Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања
Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.
4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...