10.2 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаНе се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема...

Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

spot_imgspot_img

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски по повод ставањето на црната листа на САД.

– Дали сум изненаден, да, апсолутно сум изненаден. Како можам да не бидам изненаден кога на 4 јули бев поканет во американската амбасада на одбележување на денот на американската дрѓавност и ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана за да не бидат присутни криминалци и лица кои тие не сакаат да присуствуваат на денот на американската државност.
Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилие освен како директно мешање во изборниот процес на Република Македонија, кој е кривично дело и е мешање во внатрешните работи на државата.

Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против непознат сторител, за да се утврди кој од македонските гавази ја направи оваа нечесна работа откако ги видоа вистинските анкети и кога видоа дека нивните фаворити бегаат само за два-три проценти пред Стевчо Јакимовски. Станува јасно дека ќе бидам пласиран во вториот круг, повеќе од очигледон е дека е ова кукавички чин на оние кои го губат тлото во РМ, а помош бараат од Американците затоа што немаат поддршка од граѓаните..

Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилие освен како директно мешање во изборниот процес на Република Македонија, кој е кривично дело и е мешање во внатрешните работи на државата.

Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против непознат сторител, за да се утврди кој од македонските гавази ја направи оваа нечесна работа откако ги видоа вистинските анкети и кога видоа дека нивните фаворити бегаат само за два-три проценти пред Стевчо Јакимовски. Станува јасно дека ќе бидам пласиран во вториот круг, повеќе од очигледон е дека е ова кукавички чин на оние кои го губат тлото во РМ, а помош бараат од Американците затоа што немаат поддршка од граѓаните на РМ.

Ова е една нечесна работа од нечесни луѓе затоа што јас сум единствениот кандидат кој вели дека членството во НАТО мора да го искоритстиме за решавање на наши проблеми бидејќи го плативме скапо, јас сум единствен политичар во РМ кој вели јас сум за ЕУ но до кога? Треба да си бараме пат за развој, јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос и граѓаните на РМ треба да одлучат дали Сорос ќе им бира претседател, зошто ја правиме оваа фарса со избори ако тие од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател?

Еве шанса да се обединиме како Македонци и да им покажеме дека не можат да се поигруваат со нас како што прават во континуитет.

Ни случајно нема да се повлечам од изборната кампања, ова е само потврда дека мојата политика е исправна, дека моите ставови се исправни и се на линија на одбрана на македонските национални интереси.

Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер Катица Јанева која го истражуваше Јакимовски и ништо не најде. Мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната лиса што е апсурд. Јавно кажувам пред македонските граѓани дека ниту сум хранел, ниту сум школувал деца со арам пари.

Криминален е Хантер Бајден, не јас, истото сценарио против Трамп се случува и во Унгарија против Орбан и еве овде во Македонија. Одговорно тврдам дека ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија. Тие ни ја скроија оваа влада во 2016 година, сега пак сакаат да ни скројат влада по нивна мерка. Јас ги повикувам сите граѓани на Република Македонија без разлика на вероисповед, без разлика на нација да се обединиме и да покажеме дека не можете да си играте со еден вака мал народ. Ова е само поголем мотив за мене и тука нема да застанам!

Прво се надеваа дека нема да се кандидирам, па дека нема да ги соберам потписите, па денеска ја поднесов својата кандидатура и ова е само уште еден обид да се стопира моето учество на претседателските избори. Ако имаат било што ќе го објавеле многу порано, јас сум единствен кој се откажал од урбанизмот, а го зборуваат урбанизмот, јас сум кажал дека политичари не треба да потпишуваат јавни набавки, а тие тоа го зборуваат, ова е смешно. Јас сум убеден дека зад ова не стои целата американска политика.

Почитувани Македонци изберете ме за претседател да видите како ќе се постројат другиот ден да честитаат, истакна Јакимовски.Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...