16.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаМеџити кога бил градоначалник ја легализирал куќата на Османи изградена на диво,...

Меџити кога бил градоначалник ја легализирал куќата на Османи изградена на диво, па сега го кодоши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот висок функционер од ДУИ, кој своевремено беше долгогодишен градоначалник на Чаир, а сега е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, Изет Меџити, синоќа во гостување на ТВ 21 кажа дека додека бил градоначалник ја легализирал куќата на актуелниот министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, оти била изградена на диво.

<

„Вечерва за првпат кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за квадратен метар, тој платил едно евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“,изјави Меџити во синоќешното гостување на ТВ 21.

Покрај на Османи, Меџити кажа дека и на други функционери на ДУИ им овозможил легализација на своите објекти кои имале статус на дивоградби.

„Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови во Чаир. Речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“,додава Меџити.

Изет Меџити, кој пред помалку од една година ја напушти партијата на Али Ахмети, беше градоначалник на Општина Чаир од редовите на ДУИ во периодот од 2005 до 2017 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...