21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицаец времено ќе биде суспендиран- Се заканувал со оружје

Полицаец времено ќе биде суспендиран- Се заканувал со оружје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По поднесени две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и кривични дела „помагање“ и „обид“ по член 19 и член 24 во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР изврши увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања.

<

Имено, околу 13.00 часот на 11.01.2024, по претходно нарушен јавен ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М.. Истиот ден, околу 18.30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.

Согледувајќи ги сите детали, Одделот за внатрешна контрола заклучи дека полицискиот службеник постапил спротивно на член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Исто така, било утврдено дека при преземањето мерки во врска со двата настани, полициските службеници В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. од СВР Тетово постапиле спротивно на член 7 и 8 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и на тој начин сториле потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 3, 4 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 точка 3, 4 и 10 од Колективниот договор на МВР.

Согласно утврденото и член 227 од Колективниот договор на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници М.Т., В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник М.Т. да се отстрани од работното место и од Министерството до донесување на решение во дисциплинска постапка и времено да му биде одземено оружјето со муницијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...