16.9 C
Ohrid
четврток, мај 22, 2025
ПочетнаМакедонијаНови маки за Македончето: Италија не ги признава возачките дозволи со „Северна“

Нови маки за Македончето: Италија не ги признава возачките дозволи со „Северна“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Италија не ги признава возачките дозволи со „Северна“. Македонците таму исправени пред нов предизвик – може да ги преведат старите возачки, но не и новите, објави ТВ Сител.

<

Македонецот Дејан Кутаноски кој година и половина живее во регионот Венето добил предупредување од тамошните власти дека има рок од една година да се снајде и да обезбеди возачка со Република Македонија, во спротивно нема да може да управува возило..

Од септември 2024 јас останувам без возачка дозвола или треба да преполагам од ново, од почеток да преполагам, теорија, пракса се. Околу 1.800 – 2.000 евра кошта возачката дозвола“, вели Кутаноски за Сител.

Ги контактирал и македонските и италијанските власти. Но и двете страни си ја префрлаат топката.

Прво се обративме во македонскиот конзулат во Венеција. Оттаму ни рекоа дека се работи на проблемот, ама за подобри информации јавете се во амбасадата во Рим. Од амбасадата во Рим ни кажаа дека се работи на проблемот и дека се чека потпис од италијанската влада“, вели Кутаноски.

Но, италијанските власти имаат своја верзија. Тие им кажале дека проблемот е во Скопје и дека МНР се уште ги нема известено дека во Македонија се користат нови возачки дозволи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денес е Св. Никола летен- Празник на пренесување на моштите на светиот Чудотворец од Мир во Бари

Освен зимскиот празник Свети Никола нашиот народ празнува и друг празник посветен на свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликијски. Тоа е празникот Свети Никола –...

Благојче Стојановски Туше слави 30 години музичка кариера со голем јубилеј во „Император“ – Битола

--- Благојче Стојановски Туше слави 30 години музичка кариера со голем јубилеј во „Император“ – Битола. На 23 јули, популарниот македонски пејач и музичар Благојче Стојановски...

Општина Новаци ќе ги субвенционира трошоците за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија

Општина Новаци ќе ги субвенционира трошоците за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија во висина од 10.000 денари за млади...

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски се појави пред Основниот суд во Битолa како сведок во случајот против екс-претседателот на сега веќе избришениот клуб „Културен центар...