26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаИсчезната е 21-годишна студентка од Албанија, последен пат е видена во скопски...

Исчезната е 21-годишна студентка од Албанија, последен пат е видена во скопски Илинден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

21-годишната Енкеледа Чела од Албанија, која во Скопје студирала на Економскиот факултет е исчезната од ноќта петок кон сабота. Информациите дека ја нема девојката ги споделија нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.
Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и 01 часот излегла да прошета на којот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела. Не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.

<

Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.

Според информациите што за А1он ги дадоа нејзините пријатели, телефонот и е исклучен, личната карта и е дома, но претпоставуваат дека пасошот и бил во ранецот кој го носела со себе.

Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми. Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...