9.9 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаПоследниот овчар во Карбинци за себе вели дека е будала што чува...

Последниот овчар во Карбинци за себе вели дека е будала што чува овци

spot_img

Последниот овчар во Карбинци за себе вели дека е будала што чува овци

<

67 годишниот Владо Симов е последниот од Карбинци и за себе во овие услови смета дека е будала што сеуште чува овци кога овчари оваа работа не ја сакаат ниту за 3.000 евра месечна плата …
Овците ги чува сам, со нив е под отворено небо на сонце и дожд, љубовата е огромна и тоа е единствената причина поради која се уште ги чува овците. Исплатливоста е далеку од доволна, оти јагнињата се откупуваат како без пари, храната е скапа, а нема откуп ниту на млеко.

„Најтешка професија е ова, храна скапа, јагнето џабе го земат и нема откуп. А врнало, грмело, сонце печело мора да бидеме со стоката. Љубовта кон професијата ме одржува и ги чувам овците се уште, во спротивно не би ги чувал оти не е исплатливо.“ – вели Симов.

Симов за трипати го намалил бројот на овци, сега има околу 130 кој ги пасе на нивите во Карбинци, од пролет до есен, а зимно време ги чува дома. Не е исплатливо да се плати овчар оти бараат високи плати, а нема ниту кој да работи.

„Јас овчар да платам за 130 овци не се исплаќа, да имам 400 овци може. Треба храна да му дадеш, да има услов за живеење, не е само да ги пасе.“ – додава Симов.

Вели дека нема интерес кај младите да научат, да наследат да се занимаваат со сточарство, а дециден е и дека воопшто не е исплатливо. Токму затоа додава дека после него во Карбинци нема да остане ниту еден сточар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младиот херој Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20...

Состојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

По многуте шпекулации околу здравствената состојба на Владимир Блажев - Панчо од ДНК, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,...

Општина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински...

Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани....