16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКандидатот на ЗНАМ, Максим Димитревски од утре на голем собир со граѓани...

Кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитревски од утре на голем собир со граѓани во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општинската организација на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија Охрид информира дека караванот на кандидатот за претседател на Република Македонија, г-дин Максим Димитриевски во недела и понеделник се сели во околината на општина Охрид.

<

Според агендата на караванот предвидено е во недела во 12 часот средба со граѓани во општина Вевчани, додека во 13часот и 30 минути караванот се сели во општина Струга.

Од општина Струга, караванот доаѓа во Охрид каде предвидено е од 18 часот да има голем собир на граѓани.

Почитувани граѓани, наши членови и симпатизери, на ден 07.04.2024 година Ве покануваме на јавен собир на граѓани со почеток во 18 часот на плоштадот кај Мини-Маркет во пресрет претстојните Претседателски избори 2024 година, промовирање на предизборната претседателска програма насловена „Манифест за Македонија“ , слоганот на кампањата „Максимум за Македонија“ и нашиот кандидат за претседател на Република Македонија, г-дин Максим Димитриевски. Ве очекуваме! – стои во соопштението на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, ОО Охрид

Имено, во понеделник на 08.04.2024 година со почеток од 11 часот предвидено е претседателскиот кандидат да има средба со групи граѓани во Охрид и околината на општина Охрид, додека по завршувањето во 13 часот претседателскиот караван се сели во општина Дебрца.

Придружете се на нашето движење, нека Вашиот глас биде слушнат од нашиот кандидат, бидејќи вашето мислење за нас е важно, а вашата поддршка клучна – додаваат од Движењето ЗНАМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...