19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонија-Јас аум агент на тајната служба, ако не дадеш пари ќе те...

-Јас аум агент на тајната служба, ако не дадеш пари ќе те убијам со семејството- уапсен скопјанец кој со лажно претставување изнуди 180.000 евра од бизнисмен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

-Јас аум агент на тајната служба, ако не дадеш пари ќе те убијам со семејството- уапсен скопјанец кој со лажно претставување изнуди 180.000 евра од бизнисмен
07.04.2024 12:53

<

Обвинителството соопшти дека е приведено лице кое вршело изнуда врз бизнисмен лажно претставувајќи се како вработен во Агенцијата за национална безбедност- АНБ. Во период од 6 месеци, уценуваниот му дал и накит и три автомобили и пари, а изнудувачот му се заканувал дека ќе го убие ако не ги врати пари. Фатен е во петок во скопската населба Аеродром каде требало да земе една од „ратите“ за долг, но полицијата била алармирана.

Насилникот доби притвор. Повеќе детали за начинот на изнуда во соопштението на Обвинителството за случајот.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Изнуда од член 258 и Лажно претставување од член 391 од Кривичниот законик.

Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра.

Претставувајќи се како вработен во АНБ и посредник за исплата на долг, осомничениот на оштетениот 54-годишник, управител на фирма, му вршел притисоци со закани за неговиот и животот на неговото семејство, па во повеќе наврати му земал парични средства, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и веројатност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Полицијата во своето соопштение откри како се одвивала акцијата за апсење.

На 05.04.2024 во СВР Скопје, М.Г. од Скопје пријавил дека од ноември 2023 до денот на пријавување, лицето И Ј. од Скопје во повеќе наврати му изнудувал парични средства упатувајќи му закани по живот. На тој начин М.Г., според пријавеното, на И.Ј. му исплатил вкупно 180.000 евра.

Истиот ден околу 17.00 часот, по претходен договор помеѓу нив, на ул.”Симеон Кавракиров” во Скопје М. Г. му предаде 500 евра на И.Ј., кои претходно беа криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа, во заедничка акција на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при Одделот за сузбивање на сериозен криминал и Единицата за насилен криминал при СВР Скопје И. Ј. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошно постапување.

Денеска (06.04.2024), Единицата за насолен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. по брза постапка за сторено кривично дело ,,изнуда” по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...