12.6 C
Ohrid
вторник, мај 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Новинарот Фуркан е уапсен бидеќи нападал полициски службеник, исто така при...

Тошковски: Новинарот Фуркан е уапсен бидеќи нападал полициски службеник, исто така при претрес во неговото возило пронајден е пиштол.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.

<

По приведувањето на лицето Ф.С. извршен е преглед на автомобил во негова сопственост и во истиот е пронајден пиштол. Од страна на полициски службеници истиот е приведен во полициска станица каде ќе биде извршен разговор и ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот.

Сакам да истакнам дека ја разбирам загриженоста на Здружението на новинари и Синдикатот на новинарите, но МВР мора да постапува еднакво кон секој кој ќе нападне полициски службеник, согласно утврдените законски процедури. Како министер досега покажав дека се залагам за транспарентност и отчетност за работењето на МВР и така ќе остане, но законите во државата мора да важат за сите подеднакво.

Во тој контекст ги повикувам политичките партии, здруженија, синдикати и сите други релевантни фактори да се воздржат од давање изјави и соопштенија со кои се врши притисок кон полицијата и да остават полициските службеници професионално да си ја завршат својата работа, без политика и исклучиво во согласност со Законот. Јавноста ќе биде целосно информирана за сите детали поврзани со овој случај веднаш по завршувањето на истрагата, објави Тошковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Фросина: Багро една судска, затвор за судиите- ќе ве оставам без леб и без работа !!!

Кај ќе ви оди душата, Господ ќе ве казни“, им порача таткото на загинатата Фросина Кулакова на родителите на возачот Васил Јованов, кој е...

Судот одлучи: 12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на булеварот „Партизанска“ денеска во Основниот кривичен суд Скопје доби затворска казна од 12...

Таравари оди во опозиција: Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат...

Крис Павловски : Македонија да стане Швајцарија на Балканот, Европска оаза за трговија со криптовалути

Милијардерот како што рече од Канада а не од Америка сопственик на компанијата Рамбл чии услуги ги користи и председателот Трамп и ФБИ бизнисменот...