23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за Пендаровски: Со заокружување на број 2 на 24 април ќе...

Мицкоски за Пендаровски: Со заокружување на број 2 на 24 април ќе му помогнеме да си ги спакува куферите, а на 8 мај веќе да ја напушти Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

екогаш кога имаме влада од СДСМ има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Гостивар.

<

Мицкоски рече да треба да не загрижува принципот во трите збора „како до сега“.

„И тука има голема вистина, сите потценуваат, јас само сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во 4 очи, повеќе имот на семејството на Груби низ Македонија, уште некоја утакмица во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда“, кажа Мицкоски.

Мицкоски апелираше дека граѓаните ќе имаат можност на 24 април да заокружат број два и оти ништо нема да има од ова до сега.

„Така Македонија ќе биде повторно горда, со заокружување на број 2“, потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски се осврна и на Стево Пендаровски и неговата реторика на средбите со граѓаните и митинзите.

„Пред три дена, Пендаровски ја кажа целата вистина содржана во неговото битие, излезе пред граѓаните и рече – се сеќавате 2019 дека ви реков ќе победиме, и им вели ако не водиме во првиот круг очи не сакам да ви видам. Е тоа е Стево кој немаше да знае каде е Македонија, тоа е тој кој повеќе од 30 години функционира на македонската политичка сцена и е измеќар и слеп послушник“, вели Мицкоски.

Мицкоски му порача на Пендаровски дека народот со заокружување на број 2 на 24 април ќе му помогне да почне со пакување, а на 8 мај веќе да ја напушти Македонија.
Претседателот Мицкокси укажа дека понуда од другата страна е Гордана Силјановска Давкова.

„Од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која е класичен прототип на горда Македонија, борец во македонскиот парламент која заедно со колегите останаа доследни во борбата за Македонија и не го прифатија бугарскиот диктат“, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...