18.9 C
Ohrid
вторник, мај 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и брза судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз“. Во својата изјава која е прва откако тој доби прекин на издржувањето на затворска казна за „Рекет“ поради здраствени причини тој ги спомена имињата на поранешната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, на поранешниот премиер Никола Груевски, на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, на бизнисменот Орце Камчев… Јовановски за „Рекет“ е осуден на затвор од 9 години, но вели за него овој случај не е решен, а парите, над милион евра кои беа дел од оваа постапка и кои никогаш не беа најдени, Боки 13 тврди дека Русковска и Камчев знаат знаат каде се.

„Меѓународен сојуз е укинат и се надевам и барам само фер судска постапка. Јас моментално сум лице кое е правосилно осудено, но кое доби прекин на издржување на затворската казна поради здраствени причини. Не сакам мојот изглед да биде злоупотребен и јавноста да зборува дека не ми е ништо, туку за моето лошо здравје јас имам целосна документација. Имам индикации дека најверојатно ќе треба да се прави уште некоја интервенција и вакво нешто не посакувам никому“, рече Јовановски.

За него случајот „Рекет“ не е расчистен , иако тој има правосилна судска пресуда.

„Рекет не е расчистен, јавноста мора да дознае што се случувало. Зоран Заев тврди дека знаел за Рекет во смисла дека го бранел законот. Заев беше човекот кој комуницираше дирекно со овие лица и беше човек од позиција на моќ кој можел да влијае, тој е се само не човек кој го бранел законот. Заев изврши влијание за Јордан Камчев да го добие пасошот назад и за тоа имам докази. А за парите од „Рекет“ Русковска и Камчев знаат каде се. Русковска со овој предмет си направо себепромоција. Таа прво тврдеше дека парите се во мојот дом, па потоа сум ги потрошил на мојата телевизија 1 ТВ, за на крај да каже дека се потрошени на гардеробата која сум ја носел, а ми беше запленета.

Тоа се три различни изјави. Русковска зборуваше онака како ќе и се погодеше денот, а не со аргументи.“, додаде Боки 13.

За фамозната торба Луи Витон во која се гледаше како Камчев му ги пакува парите на Боки на видео кое беше дел од доказите, бизнисменот на суд во текот на постапката во времето кога се судеше „Рекет“ изјави:

„Не може да биде во торба Адидас, нема да личи. Му ги спакував во торба Луј Витон оти он многу го љуби тој бренд. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“.

Во изјавата го спомена и Зоран Милевски Кичеец кој беше дел од „Рекет“, но кој призна вина и доби затвор од 3 години.

„Зоран Милевски призна вина и го отвори патот за осудителна пресуда. Да го прашање Кичеец денес што признал, тој нема да знае што признал. „Рекет“ не е јасен случај. За овој случај стоеше политичка контелација и тоа се лица кои и денес имаат позиција на моќ и функција“, дополни Јовановски

Тој рече дека иако е цивилен граѓанин, сепак му се судело за службено дејствие. Се спореди со Мијалков и Груевски кои биле судени исто така за член 359 од КЗ, но како што рече тие двајца биле судени како службени лица, а тој суден исто за службено дејствие, но како цивилен граѓанин.

За престојот во затвор Јовановски кажа дека бил активен со писма толку колку што можел и дека стои зад сите реченици кои ги напишал во писмата испратени до јавноста. Побара од Обвинителството да му одговорат до каде се кривичните пријави кои тој ги поднел, а кои се однесуваат на лица кои му се заканувале. Призна дека и сега има притисоци и закани, но рече дека ќе остави службите тоа да го решат.

Бојан Јовановски излезе од затворот во Идризово кон крајот на минатата година со барање за прекин на издржување на правосилна судска пресуда поради влошено здравје. Во најголемиот затвор во државава тој ја издржуваше затворска казна за „Рекет“, а во ќелија мина 4 години. Сега го чека ново повторено судење за „Меѓународен сојуз“ бидејќи Апелацискиот суд неодамна ја укина пресудата за овој предмет и го врати на почеток.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силјановска Давкова: На венецот сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија во Рим, не го...

Змија во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека институцијата е запознаена...

Гром удрил во авионот на македонските одбојкари

Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија е пролонгирано, бидејќи вчера гром удрил во авионот за време...

Арбен Таравари ќе биде министер за здравство

Актуелниот градоначалник на општина Гостивар Арбен Таравари ќе биде идниот министер за здравство во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дознава ТВ21. Таравари, воедно беше и претседателски...