11.3 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон...

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител Подкаст, Филипче во едно поинакво светло, говори за неговиот приватен живот кога бил средношколец, за најраните детски денови дружбата со другарите, љубовта кон автомобилите и моторите.

<

„Во трета година средно училиште, јас за првпат влегов во операциона сала. И бев еден од тие коишто се фасциниравме од тоа каков беше тој амбиент во операционите сали. Се сеќавам дека прва операција на којашто присуствував беше кај сега покојниот професор Мирко Мирчевски кој дури и се обиде нешто да ни објасни, ние секако ништо не разбравме тогаш. И тогаш беше во салите во коишто и сега работиме на клиниката за Неврохирургија“, раскажува Филипче.

Маалскиот живот на Филипче се одвивал околу кошот во скопската населба Водно каде живеел.

„Повеќе генерации се собиравме на тоа игралиште на кошот и тоа ни беше една од главните занимации. Па тука на средната улица, некаде пред резиденцијата сегашна на францускиот амбасадор, многу често знаевме да ставиме мрежа и да играме и тенис, тоа место го викавме „кај гаражите“. Имав мирно, интересно детство, многу убави спомени и многу другарства коишто траат уште од тогаш“, вели д-р Филипче.

Неврохирургот пред да стане лекар работел во сервис за миење возила, тогаш му се родила љубовта кон моторите и автомобилите.

„Љубовта кон моторите и кон автомобилите е многу одамна уште од средношколските денови заедно со еден мој другар Благоја, менаџиравме во тоа време сервис за миење возила. Сопственик беше неговиот татко, сервисот се викаше „Водно“ беше еден од првите сервиси за миење возила во тоа време. Ние како средношколци и после како студенти работевме во тој сервис и одвај чекавме некој од муштериите да ни дозволи да му ја паркираме колата на следниот паркинг. Така што, тоа е стара љубов“, вели д-р Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...

Исто како во филмовите: Затворениците во Македонија да имаат алка на една од нозете !!

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во...

Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

Искршени фотографиите на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани. Сликите кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени. Mnet.mk