2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче...

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за „ауди“ од 250.000 евра

spot_img

Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова, а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.
А1он
Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за „ауди“ од 250.000 евра, за хациендата на Водно?
22/04/2024 – 08:36349
Од: А1он
SHARE

Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова, а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
„Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е веројатно нај неуспешниот министер за здравство во историјата на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“ кажа Николоски и додаде:

Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата.

Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?
Извор: А1он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...