10.2 C
Ohrid
среда, април 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНовинарите ја напуштија прес-конференцијата на Токсикологија – Директорката Бесија Иљази зборуваше само...

Новинарите ја напуштија прес-конференцијата на Токсикологија – Директорката Бесија Иљази зборуваше само на албански јазик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Економската директорка на Клиниката за токсикологија – Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а инсистира да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023. Меѓу нив има и прекрасни лица, но има и лица кои немаат соодветно образование за тука.

<

Ова денеска го изјави д-р Нико Беќаровски, раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката за токсикологија.
Д-р Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката реагираа на односот и отпорот на економската директорка Иљази, која е поставена на 14 февруари, и за која рекоа дека им е кажано оти е дипломиран економист, но немаат видено документи нити за образованието, нити за познавањето на јазици.

По прес-конференцијата на лекарите, Иљази ги повика новинарите во сала, а на прес-конференцијата таа зборуваше само на албански јазик.

Кога новинарка ја праша дали ќе се обрати на македонски, таа рече не, по што новинарите си заминаа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот на Струмица: Велигденски на мотор со мајка ми.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави фотографија на која се пофали дека велигденски возеле мотор со мајка му. Двајцата облечени во мото облека се гледа...

И покрај гаранцијата од 2 милиона евра- Судот одби да го ослободи Асмир Јахоски.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари...

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...